Претрес во Кочани, одземени околу 200 различни видови парфеми без документација: уапсен 31-годишен маж

Макфакс

19/11/2026

11:20

123

Големина на фонт

а а а

Во Кочани полицијата уапси 31-годишен маж поради основано сомнение за повреда на права од индустриска сопственост. При претрес во неговиот дом беа одземени околу 200 парфеми и други производи без соодветна документација.

Вчера во 17:25 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода 31-годишниот А.Д. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ по член 285 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 различни видови парфеми од познати брендови и повеќе различни козметички и други производи за кои не поседува никаква документација.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.