[ФОТО] Славната убавица позираше во можеби најсексапилно издание досега: Проѕирен стајлинг со акцент на долната облека

Кармин

18/11/2026

10:39

2.161

Големина на фонт

а а а

Маја Jама беше ѕвездата на вечерта на еден настан синоќа, а странските медиуми ја опишаа нејзината облека како „најсекси стајлинг досега“.

Синоќа беше прикажано доделувањето на наградите за маж на годината на списанието „GQ“, а на настанот присуствуваа многу познати ѕвезди. Сепак, најголемо внимание привлече женскиот дел, односно модната ревија на познати убавици на црвениот тепих, а една особено се издвои.


Станува збор за атрактивната водителка Маја Јама која, како што пишува „Дејли Меил“, го носеше најсекси фустанот досега. Таа избра струкиран фустан направен од нежна чипка која е проѕирна. Фустанот ги истакна раскошните облини на Маја, но во исто време откри и други модни детали.

На пример, црната долна облека која совршено се вклопуваше во нејзиното голо издание.


Стајлингот го заокружи со дискретна шминка во голи тонови, со што го постигна тој мек гламурозен изглед, а брановидната коса ја пушти слободно да паѓа. Додаде и црни ракавици од тил, како и црни потпетици со змиски принт.

Во текот на вечерта, водителка беше видливо расположена, а на фотографите на црвениот тепих им покажа пози на вистинска заводничка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk