Defender претстави нова палета на бои, комбинација на традиционални нијанси на Defender со авантуристички нови тонови инспирирани од епски и прекрасни пејзажи од целиот свет.
- Минатото, сегашноста и иднината на Defender инспирираат шест нови бои Atlas за оние коишто бараат бескомпромисен квалитет и карактер
- Боите Atlas се првите што се создадени во новиот погон Universal Paint Line во Нитра, Словачка, по дополнителна инвестиција во фабриката
- Црвената нијанса Mara ја модернизира традиционалната црвена Masai, додека сината нијанса Pantelleria нуди ново видување на сината Pageant
- Зелената Galway и сината Buckingham се традиционални нијанси на Defender што се враќаат во палетата Atlas
- Новите нијанси како зелената Aira и златната Jenloan се инспирирани од водопадот Аира Форс во Лејк Дистрикт во Обединетото Кралство и пештерите од златен варовник во Џенолан, Австралија

Од планините на Австралија до дивината на Африка и пошироко, новите бои Atlas ја слават ДНК на Defender, создадена за истражување и авантура.
Достапна во целата понуда и за различни спецификации1 на Defender, вклучувајќи го новиот Defender Vertex, палетата се состои од шест нови бои поделени во три категории. Црвената Mara и сината Pantelleria се нијанси што се инспирирани од претходни бои на Defender, додека зелената Galway и сината Buckingham се традиционални нијанси на Defender што повторно се воведуваат. Зелената Aira и златната Jenolan се сосема нови нијанси.
Defender ги создаде боите Atlas во новиот погон Universal Paint Line во Нитра, Словачка, по дополнителна инвестиција во фабриката. Роботската постројка за бојадисување се состои од технологии што се први од ваков вид во индустријата, за да се добие прецизна хармонија на боите. Можноста за бојадисување на целото возило во сопствен погон нуди врвна хармонија на бои, користејќи седумоскини роботи на висечки шини со млазници за прскање што се менуваат автоматски, со што се добива оптимално електростатско покривање и беспрекорен завршен слој.
Погонот Universal Paint Line додава дополнителен чекор во производниот процес што докажува дека боите Atlas се меѓу најиздржливите и најробусните бои на Defender досега и поставува нов стандард за производство на персонализирани возила. Како и за сите негови бои, Defender ја тестира палетата Atlas да биде четири пати поиздржлива на пескарење од постоечкиот стандард во индустријата. Инженерите ја потопуваат бојадисаната табла во вода 72 часа и го повторуваат циклусот.

Стандардно, боите Atlas доаѓаат со црн контрастен покрив, но се достапни и со опцијата бел контрастен покрив. Боите можат да се специфицираат со сјајни или матни заштитни фолии за персонализиран завршен слој за заштита и максимална издржливост. Заштитните фолии на Defender обезбедуваат дополнително ниво на заштита од сè, од гребнатинки на паркинг до гребнатинки од грмушки и гранки, креирајќи уникатен завршен слој и одржувајќи го возилото во беспрекорна состојба подолго време. Фолијата има способност и за самообновување што ги користи сончевите УВ зраци за да го потпомогне корегирањето на микрогребнатинките со текот на времето.
Шесте нови нијанси во палетата Atlas ја збогатуваат постојната понуда што е достапна за Defender, вклучувајќи ги новата портокалова нијанса Namib, којашто Defender ја претстави оваа година, сината Tasman, зелената Woolstone и сивата нијанса Carpathian. За моделите Defender X, Vertex и OCTA достапна е и опцијата за матна бела фолија Patagonia, во комбинација со белата нијанса Fuji.
Патрик МекГиликади, Генерален директор, Defender, изјави: „Боите од палетата Atlas се најретките изрази на Defender, креирани за оние коишто ценат индивидуалност и автентичност. Оваа палета воведува живи и робустни нови надворешни завршни слоеви за нашите клиенти и нуди уште поголеми можности за приспособување и поширок избор на и онака сеопфатната палета.
Со зелената нијанса Aira и златната Jenolan, клиентите можат да изберат нови нијанси за да ги поместат границите на авантурата, додека зелената Galway, сината Buckingham, црвената Mara и сината Pantelleria се нијанси што ги прикажуваат наследството и историјата од патувањата на Defender низ целиот свет“.

Црвената нијанса Mara
Оживувајќи ја традиционалната црвена боја Masai, нијансата Mara своите блескави тонови ги зема од земјата на народот Масаи во зачуваната дивина на саваната во југозападна Кенија. Црвената нијанса Mara ја црпи својата нијанса директно од дивите хоризонти и епските сафари предели на југозападна Кенија.



Сината нијанса Pantelleria
Сината нијанса Pantelleria ги отелотворува дивите бранови на Средоземното Море на местото каде што се среќаваат со избраздениот вулкански терен на италијанскиот остров Пантелерија. Оваа нијанса претставува современа интерпретација на класичната сина нијанса Pageant спојувајќи ги длабоките тонови на Средоземното Море со робустноста на модерните модели на Defender.



Зелената нијанса Galway
Враќање на традиционалната зелена нијанса Galway, инспирирана од длабоките долини, планините и езерата на округот Голвеј во Ирска. Зелена нијанса Galway поттикнува епски експедиции низ суровите сртови на сликовитите пејзажи на Ирска, каде што Ве очекуваат величествени врвови и глетки што го одземаат здивот.



Сината нијанса Buckingham
Сината нијанса Buckingham ја рефлектира незапирливата желба на Defender за истражување на дивината и претставува славење на безвременскиот дизајн и суровата авантура. Defender претходно ја нудеше оваа нијанса помеѓу 2006 и 2013 година.



Зелената нијанса Aira2
Една од новосоздадените нијанси за колекцијата Atlas, раскошната зелена нијанса Aira ја црпи својата суштина од бреговите прекриени со мов на водопадот Аира Форс во Лејк Дистрикт во Обединетото Кралство. Зелената нијанса Aira ја прикажува способноста на Defender да ги надмине границите и да се фати во костец со предизвикувачки терен преку совладување на стрмни нагорнини и спуштање низ водопади.



Златната нијанса Jenolan2
Другата нова нијанса за надворешноста, златната Jenolan го доловува духот на древните карпести формации кои се наоѓаат во светски познатите пештери од златен варовник во Џенолан под Сините планини во Австралија. Нејзината златна нијанса потекнува директно од овие импресивни карпести формации, спојувајќи ги робустниот луксуз и издржливоста на Defender.
















