Камила Џорџи најави враќање во 2027: Во тимот го носи поранешниот кондициски тренер на Ѓоковиќ

Точка

17/11/2026

13:00

226

Големина на фонт

а а а

Италијанката се подготвува за ново поглавје по долгата пауза и раѓањето на првото дете.

Камила Џорџи планира да се врати на ВТА-турнејата во 2027 година. Италијанската тенисерка ја објави одлуката на Инстаграм во понеделникот, 16 ноември, потврди ВТА.

Поранешната италијанска број еден неодамна го доби првото дете, а во декември ќе наполни 35 години. Новата сезона треба да го означи нејзиниот камбек по речиси три години надвор од највисокото натпреварувачко ниво.


Камила Џорџи на турнирот во Истборн, 23 јуни 2015 година – архивска фотографија. Фото: Andrew Campbell / Wikimedia Commons, CC BY 2.0.

Нов тим за нов почеток

Во подготовките ќе ѝ помага Марко Паники, кондициски тренер кој претходно работеше со Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер. Техничкото водство му е доверено на Андреас Игнасио Пасути, пренесува „Супертенис“.

Џорџи објасни дека желбата за игра и натпреварување не ја напуштила и дека мајчинството ѝ донело нова мотивација. Камбекот го претстави како процес што ќе бара работа и постепено градење форма.

Нејзиниот најдобар пласман е 26. место на светската листа, а има четири титули во сингл. Најголемиот трофеј го освои во Монтреал во 2021 година. Последниот настап на турнејата ѝ беше во Мајами во март 2024 година, кога загуби од Ига Швјонтек.