Сончево со мала до умерена локална облачност: температурите во постепен пораст и над просекот за овој период од годината

Макфакс

17/11/2026

06:40

121

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишува времето што ќе владее во следниот период, каде што се очекува сончево време со мала до умерена облачност, постепен пораст на температурите и повремени врнежи во наредните денови со засилен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од денеска под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).