РЦУК Скопје известува за прекин во водоснабдувањето во три скопски улици поради дефект на затворач, со цел да се изврши санација.
РЦУК Скопје известува дека денеска поради дефект на затворач ф -80 мм на улицата Партение Зографски 89, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Партение Зографски, дел од Периша Савелиќ и дел од Ацо Караманов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.








