Општина Центар го објави списокот на училишта и градинки пред кои се поставени контејнерите. Најавени се уште девет локации.
На 11 локации во Општина Центар веќе се поставени специјални контејнери за текстилен отпад, соопшти локалната самоуправа. Најавено е нивно поставување на уште девет места.
Според списокот објавен денеска, граѓаните може да ги најдат пред следните училишта и градинки:

Илустративна архива: контејнер во Белгија, 2021. Фото: Bert76 / Wikimedia Commons, CC0. Кавер: илустративна архива од 2024, Фото: Digitura / Wikimedia Commons, CC0. Фотографиите не се од Центар.
- „Коле Неделковски“ — ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8;
- „Јохан Хајнрих Песталоци“ — ул. „Апостол Гусларот“ бр. 3;
- градинка „13 Ноември“ — ул. „Никола Тримпаре“ бр. 17а;
- „Киро Глигоров“ — ул. „Адам Мицкевич“ бр. 14;
- градинка „Кочо Рацин“ — ул. „Козара“ бр. 26а;
- училиште „Кочо Рацин“ — ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2;
- „Гоце Делчев“ — ул. „Градски ѕид“ бр. 3;
- „Димитар Миладинов“ — ул. „Кочо Рацин“ бр. 17;
- „Св. Кирил и Методиј“ — ул. „Стив Наумов“ бб;
- „11 Октомври“ — ул. „Мирче Ацев“ бр. 102;
- градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ — ул. „Мирче Ацев“ бр. 10.
Општината повикува на правилна селекција и рециклирање. За дополнителните девет локации засега не е наведен точен датум на поставување.












