[ВИДЕО] Славна актерка паднала - снимките се проширија на интернет, а обожавателите бесни: „Срамотно“

Точка

16/11/2026

16:14

1.381

Големина на фонт

а а а

Ема Вотсон незгодно паднала додека заминувала од забава во Лос Анџелес. Актерката, најпозната по улогата во филмовите за „Хари Потер“, им се придружила на бројни познати личности на настанот „GQ Men of the Year“ во петокот вечерта. Иако не се појавила на црвениот килим, присуствувала на забавата.

Вотсон, која ретко ја гледаме во јавноста, носела винтиџ мини фустан со дезен од колекцијата „Valentino x Christi Belcourt Resort 2016“, а изгледот го надополнила со високи потпетици од брендот „Jacquemus“.

Додека ја напуштала забавата, била опкружена со новинари и фотографи, а таа одела со насмевка на лицето, сè додека во еден момент не изгубила рамнотежа, се лизнала и паднала на земја.

Тоа се случило во моментот кога некој во заднина извикал дека „Ема му е омилената актерка на сите времиња“. Притоа, за влакно избегнала да повлече со себе на земја и еден обожавател кој побарал автограм.

Луѓето околу неа веднаш ѝ притрчале на помош, но Вотсон многу брзо станала на нозе, оставајќи впечаток дека сè било во ред. Потоа се извинила и продолжила понатаму со насмевка на лицето.

Снимките од нејзиниот пад брзо се проширија на социјалните мрежи, а бесните обожаватели ги обвинија фотографите и луѓето кои се обидувале да добијат автограм.

„Колку само ја притискаат тие луѓе! Таа само се обидува да помине покрај нив, а всушност мора да ги заобиколува бидејќи тие не сакаат да се поместат“, „Боже, тргнете ѝ се од патот и дајте ѝ малку простор и достоинство, обични идиоти“, „Срамота! Оставете ја на мир и најдете си свој живот“, „Се надевам дека е добро“, „Изгуби рамнотежа на високите потпетици, но брзо стана, се насмеа на ситуацијата и продолжи понатаму како вистинска професионалка“ беа само дел од коментарите на обожавателите.