Божиновска дел од државната делегација на COP31 во Турција

Макфакс

12/11/2026

13:40

259

Големина на фонт

а а а

Министерката Сања Божиновска учествува во државната делегација на Северна Македонија на COP31 во Анталија, Турција, на Лидерскиот самит за климатски промени. На настанот се дискутира за глобалните климатски предизвици, акциите и меѓународната соработка во областа на климатските политики и енергетската транзиција.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година ќе престојува во работна посета на Анталија, Република Турција, по повод учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

На самитот ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

„Учеството на министерката Божиновска е во насока на следење на глобалните процеси и иницијативи поврзани со климатските политики и енергетската транзиција, како и размена на искуства и соработка со меѓународните партнери во овие области“, велат од Министерството.