Општина Центар: По наредба од инспекциските служби исчистена е мини-депонијата на Водњанска број 54

Макфакс

12/11/2026

10:30

234

Големина на фонт

а а а

Општина Центар информира дека по наредба на инспекциските служби е исчистена мини-депонијата на улицата Водњанска број 54. Инспекциите постојано соработуваат за да се спречи создавање на отпад и да се зачува животната средина и здравјето на граѓаните.

По реакциите на јавноста, инспекциските служби на Општина Центар веднаш излегоа на терен. По нивна наредба, приватниот имот на улицата „Водњанска“ бр. 54, претворен во мини-депонија, е исчистен и заграден, известува Општината.

„На оваа локација е интервенирано во повеќе наврати поради постојано натрупување отпад и смет. Со решение, сопственикот е задолжен да си го исчисти просторот и спречи повторно создавање депонија.

Контролите продолжуваат! Апелираме до сопствениците редовно да ги одржуваат своите имоти и да не дозволуваат создавање депонии што ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Општината Центар.