[ВИДЕО] Драма пред Елисејската палата: Припадник на почесната гарда колабираше, Макрон притрча на помош

Точка

12/11/2026

18:21

680

Големина на фонт

а а а

Инцидентот накратко го прекина вообичаениот протокол на свечениот пречек, но Макрон потоа продолжи со предвидените обврски и го поздрави претседателот на Словачка, Петер Пелегрини.

Непријатен инцидент се случи во средата пред Елисејската палата во Париз, каде што еден припадник на почесната гарда ненадејно колабирал за време на пристигнувањето на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, кој допатува во француската престолнина во официјална посета.

Во моментот кога словачкиот претседател пристигнувал во Елисејската палата, припадникот на почесната гарда ја изгубил свеста и паднал на земја, пред очите на присутните и на официјалните лица кои учествувале во организацијата на свечениот пречек.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го чекал пристигнувањето на својот словачки колега, веднаш реагирал и му пришол на припадникот на гардата. Покрај него се нашле и членови на неговиот персонал, кои се обиделе да утврдат што се случило и да му пружат помош на мажот.

Набргу потоа, членовите на персоналот го однеле припадникот на почесната гарда од местото на кое колабирал. Инцидентот накратко го прекинал вообичаениот протокол на свечениот пречек, но Макрон потоа продолжил со предвидените обврски и го поздравил претседателот на Словачка, Петер Пелегрини.


Досега не се објавени информации за тоа што му претходело на ненадејното колабирање на припадникот на гардата. Исто така, не е познато дали мажот имал здравствени проблеми, ниту каква е неговата моментална здравствена состојба.

Не е соопштено ниту дали до губењето на свеста дошло поради здравствени тегоби или од некоја друга причина. Засега нема повеќе детали за овој настан.