Плоштади, паркови, библиотеки и културни центри во 64 општини се меѓу местата опфатени со проектот WiFi4WB.
На 72 јавни локации во 64 општини низ Македонија е достапен бесплатен безжичен интернет. На завршниот настан на проектот WiFi4WB, одржан на 10 ноември во Европската куќа во Скопје, беше соопштено дека мрежата досега ја користеле над 200.000 луѓе.
Општините ги избрале местата за пристапните точки. Меѓу нив има плоштади, паркови, библиотеки и културни центри. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека првичниот план бил да се опфатат околу 40 општини, а бројот се зголемил поради интересот на локалните самоуправи.

Карта на проектот за јавен Wi-Fi во Македонија. Фото: Расин.мк
Проектот е дел од регионалната програма EU4Digital и е кофинансиран од Европската Унија и Германија. ГИЗ го спроведе во соработка со Министерството за дигитална трансформација, општините и Македонски Телеком.
Пристапните точки беа воспоставени на почетокот на годината. На завршниот настан беше посочено дека преку нив досега се пренесени повеќе од 115 терабајти податоци. Повеќе за проектот.








