„Против Бака Прасе ќе биде поднесена кривична пријава“: Се огласи Вишото јавно обвинителство во Белград откако јутјуберот измисли дека е уапсен

Точка

09/11/2026

19:28

1.384

Големина на фонт

а а а

Откако јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, измисли дека е уапсен, се огласи Вишото јавно обвинителство во Белград.

Соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград го пренесуваме во целост:

„По извршените проверки во врска со наводите објавени на социјалната мрежа „Instagram“, на профилот „bakaprase“, за „одведувањето на Б. И. од страна на маскирани лица“, како и за неговото апсење поради поврзаност со „Alta banka“, Вишото јавно обвинителство во Белград и полициските службеници од Полициската станица Савски венац утврдија дека станува збор за лажни наводи. Во воспоставената комуникација со полицијата, Б. И. појасни дека наведените тврдења се објавени бидејќи снима „клип“ што ќе го објави на својот канал на „YouTube“. Меѓутоа, имајќи предвид дека со објавувањето лажни информации на својот профил на „Instagram“, Б. И. ширел паника во јавноста, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград за кривичното дело предизвикување паника и неред.


Објавата на Бака Прасе на „Instagram“

Инаку, на неговиот профил на „Instagram“ се појави следнава објава:

– Богдан – Бака е приведен денеска околу 6 часот наутро. Моментално не знаеме каде е ниту како е. Имаме снимка од камерите на маскираните лица што влегоа во станот и го одведоа – засега нема да ја објавиме бидејќи чекаме информации. Сè уште не добивме одговор на барањето на адвокатот. Тимот на Бака Прасе – стои во објавата.