Агресивно се однесувал кон неговиот татко: уапсен 29-годишен радовишанец

Макфакс

10/11/2026

13:10

247

Големина на фонт

а а а

Во Радовиш е уапсен 29-годишен маж поради агресивно однесување кон неговиот татко, а случајот е пријавен во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Вчера во 12:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода И.Ф.(29) од Радовиш.

Според пријавеното, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.