Отворање на Есенски музички свечености: 60 години ФМУ Скопје

Макфакс

10/11/2026

09:10

271

Големина на фонт

а а а

Дирекцијата за култура и уметност – Скопје најави отворање на 27. издание на Есенски музички свечености, манифестацијата што го збогатува културниот живот со музичка уметност и поддршка на млади таленти. Фестивалот ќе биде отворен на 11 ноември 2026 со концерт во чест на 60-годишниот јубилеј на ФМУ Скопје.

Дирекцијата за култура и уметност – Скопје го најави отворањето на 27. издание на „Есенски музички свечености“, традиционалната музичка манифестација која и оваа година го збогатува културниот живот на Скопје и создава простор за афирмација на музичката уметност и младите музички таленти.

Фестивалот ќе биде отворен на 11 ноември 2026 година, во 20 часот во концертната сала на ФМУ, со концерт на студентите при Факултетот за музичка уметност – Скопје, посветен на значајниот јубилеј „60 години ФМУ Скопје“.

Оваа концертна вечер е посветена на младите музички уметници, нивниот талент, посветеност и уметнички потенцијал, како и на шестдеценискиот придонес на Факултетот за музичка уметност во развојот на македонската музичка култура.

Влезот е слободен.