Актерка во филмови за возрасни предизвика хаос во редовите на поранешниот шампион

Точка

06/11/2026

17:36

662

Големина на фонт

а а а

Лестер Сити, англискиот шампион од 2016 година, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради случувања надвор од теренот. Причината е соработката на главниот спонзор на клубот со руската актерка во филмови за возрасни Ева Елфи, која предизвика големо незадоволство кај навивачите.

Компанијата „BC Game“, чие лого од 2024 година стои на предната страна на дресот на Лестер, објави дека ја ангажирала Ева Елфи како глобална амбасадорка на својот бренд. Станува збор за руска креаторка на содржини која има повеќе од 4,8 милиони следбеници на „Instagram“, а позната е и по работата во индустријата за филмови за возрасни.


Ваквиот потег не наиде на одобрување кај приврзаниците на англискиот клуб. Најгласно се спротивстави навивачкото здружение „Foxes Trust“, кое и претходно беше против соработката со компанија од индустријата за обложување.

Во соопштението посебно нагласија дека Лестер, со прифаќањето на спонзорството од компанија за коцкање, веќе почнал да се оддалечува од вредностите што ги застапувал со години.


„И коцкањето и порнографијата можат да имаат разорни последици врз животот на луѓето, особено на младите. Ваквите партнерства ги приближуваат тие два света до пошироката публика и со тоа директно ги поврзуваат со Лестер Сити. Дали е ова нашиот нов идентитет?“, се наведува во пораката на навивачкото здружение.


Незадоволството отиде дотаму што „Foxes Trust“ ги повика навивачите при купување клупски дресови да ги избираат оние без логото на „BC Game“.


По реакциите на навивачите се огласи и самиот клуб.


„Фудбалскиот клуб Лестер Сити ја разбира загриженоста поради неодамнешните случувања поврзани со нашиот главен партнер, компанијата ‘BC Game’. Директно им ги пренесовме нашите забелешки и продолжуваме со разговорите со компанијата за да најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни“, порачаа од клубот.