СДС постојано создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, бара ВМРО-ДПМНЕ ЈО да реагира по 315 од КЗ

Макфакс

06/11/2026

12:40

281

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДС дека со умисла создава хистерија и предизвикува несигурност кај граѓаните, особено во однос на водата за пиење, финансиите и Алта банка. Партијата повикува Јавното обвинителство да ги истражи овие дејствија како саботажа според член 315 од Кривичниот законик.

СДС никако да престане со умисла да создава хистерија со цел да предизвика штета на државата и граѓаните

СДС никако да престане со умисла да создава хистерија со цел да предизвика штета на државата и граѓаните. Нивното однесување е неприфатливо, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека државата и надлежните институции прават се, и ги преземаат сите мерки за да се заштитат интересите и парите на граѓаните, СДС прави се тоа да го саботира, оценуваат во владејачката партија.

Повик до Јавното обвинителство

„По случаите со креирањето хистерија со цел предизвикување страв, паника и несигурност кај граѓаните за водата за пиење во Скопје, во Гостивар, наводниот колапс на ПИОМ и ред други, па сега и со случајот со Алта банка, редно е СДС да се освестат што прават.

Од друга страна го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои:

„Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години““.

СДС ги саботира државните институции

Во делувањето на СДС со држење прес-конференции пред витални државни институции како што е Народна банка и нејзиното секојдневно обвинување, гледаме, додаваат од партијата на власт, основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани.

„СДС мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и така ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија од која македонските гласачи целосно ги маргинализираа.

СДС не се грижат ни за штедачите ни за доверителите на банката, тие прават се за да наштетат на процесот за заштита на интересите на граѓаните, државата, доверителите и штедачите“.