МНТ играше од срце, Никшиќ одговори со искрен аплауз

Макфакс

06/11/2026

11:40

262

Големина на фонт

а а а

На 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Македонскиот народен театар ја изведе претставата „Страв и надеж“, која беше прифатена со топол аплауз од публиката, признавајќи ја посветеноста на ансамблот.

Вчеравечер, на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, ансамблот на Македонскиот народен театар ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат.

По изведбата, актерите беа поздравени со срдечен аплауз од никшичката публика, искрено признание за уметничката посветеност и заедничкиот труд на целиот ансамбл.

Играјќи од срце, нашите актери ја споделија сцената со публиката во Никшиќ, пред која се поклонија со длабока почит.

Благодариме, Никшиќ, за топлото добредојде и за оваа убава театарска вечер.

Во претставата играа: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.