[ФОТО] Голманот на Андора првпат се огласи по смртта на Де Мигел: „Ова се најтешките денови во мојот живот“

Точка

04/11/2026

19:28

715

Големина на фонт

а а а

Голманот на Андора, Хесус Овоно, првпат јавно се огласи по смртта на Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе.

Во соопштението објавено од неговиот клуб тој вели дека ги преживува најтешките денови во животот и изразува сочувство до семејството на починатиот фудбалер.

Овоно го објави соопштението во средата преку официјалните профили на ФК Андора на социјалните мрежи. Претходно го затвори својот профил на Инстаграм поради навредите и заканите што ги добивал.

„Ова се најтешките денови во мојот живот. Тешко наоѓам зборови и тешко ми е да разберам што било од она што се случи“, напиша голманот.

„Чувствувам огромна болка поради загубата на Хесус. Мислам на него, на неговото семејство и на сите што го сакаа. Знам дека ќе има многу прашања за кои ќе треба да се разговара и со сè што следува ќе се соочам со целосна почит. Но, сега не можам да мислам на ништо друго освен на Хесус и на болката низ која поминуваме. Почивај во мир, Хесус“, додаде Овоно.


Де Мигел (30) почина во вторникот наутро во болница во Санта Крус де Тенерифе, откако во понеделникот, при судирот со Овоно во судиското продолжение на натпреварот Тенерифе – Андора, доживеа срцев застој.

Полицијата отвори истрага за неговата смрт, која е под судски надзор. Натпреварот од следното коло меѓу Андора и Мајорка нема да се одигра од почит кон починатиот фудбалер.