[ВИДЕО] Новинарот Ландов се „соочи“ со полиграф - тајно плико, повик среде ноќ и страв: „Тој лик важи за алфа и омега во подземјето“

Точка

03/11/2026

09:46

616

Големина на фонт

а а а

Еден од најистакнатите македонски новинари, Кристијан Ландов, познат по директниот пристап и тоа што нема влакна на јазикот кога ги прашува гостите и се обидува да ги најде одговорите кои ги бара народот во неговиот формат „Претрес“, гостуваше во најновата епизода на „Полиграф“ кај Стефанатор, каде што се соочи со вистински полиграф и низа непријатни, но интересни прашања.

Во фокусот на разговорот беа неговата новинарска работа, емисијата „Претрес“, која важи за една од најгледаните во Македонија, но и теми за кои ретко се зборува отворено – корупцијата, влијанието на подземјето и предизвиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината.


Ландов одговараше на прашања поврзани со емисијата во која гостуваат политичари, обвинители, обвинети и други јавни личности, откривајќи детали за начинот на кој работи и за тоа дали некогаш водел тајни истражувања со цел да дојде до вистината.

Особено интересен момент беше прашањето од тајното плико на Стефанатор. Ландов имаше можност да го прочита и да одговори или, доколку не сака да открие нешто, да го искористи познатото „Кока-кола“ копче и да го прескокне одговорот.

Сепак, новинарот одлучи да го прочита прашањето и да одговори. Тоа се однесуваше на повик што го добил среде ноќ од човек од подземјето, по емитувањето на една епизода на „Претрес“.


❓ „Дали е вистина дека среде ноќ си добил повик од моќен човек од подземјето за кој ни најмалку не ти било сеедно?“.

✨„Да, невкусно, неубаво, страшно. Беше после една емисија од „Претрес“. Секако тоа добро заврши на крај, но подземје е подземје. А, тој лик којшто нема да го кажам со име и презиме, важи за алфа и омега во подземјето. Тоа се тие моменти кога баш се запрашуваш, дали вреди да го правиш ова што го правиш или не. Бидејќи тука е тоа тапшање: „Еј многу си добар, супер, одлично, браво!“, и тука некаде завршува тоа и почнува токму ова, затоа што во сред ноќ јас немам заштита, дека можам да се спасам, а сенешто ти доаѓа на ум“.

❓ „Дали тоа беше во текот на претходната сезона?“.

✨„Да, вториот дел од претходната сезона“. 

Целата емисија погледнете ја во продолжение: