Меси на чекор до историјата: Бројки што Роналдо не може да ги достигне!

Точка

02/11/2026

19:30

480

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на фудбалската историја!

Аргентинскиот волшебник го предводеше Интер Мајами до победа над Њу Ингланд Револушн (2:1), со гол и асистенција, а новиот ефект дополнително го приближи до историско достигнување.

На 39 години, Меси и натаму игра на врвно ниво.

Сезонава постигна 26 гола и забележа 13 асистенции, додека неговиот вкупен ефект во кариерата за клубовите и репрезентацијата е импресивен.

Аргентинецот досега постигна 937 гола на 1.184 натпревари, што значи дека се запишува меѓу стрелците на секои 104 минути.

Сепак, посебна приказна се неговите асистенции.

Меси во кариерата забележа дури 428, па неговиот збир на голови и асистенции изнесува неверојатни 1.365 директни придонеси за голови.

До границата од 1.400 му недостигаат уште само 35!


Роналдо води по голови, но Меси доминира во вкупниот ефект

Вечната трка меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо добива ново поглавје.

Португалецот и натаму е пред Аргентинецот според бројот на постигнати голови.

Роналдо стигна до 985 погодоци на 1.343 натпревари, додека Меси има 937.

Сепак, кога се бројат головите и асистенциите, ситуацијата е поинаква.

• Лионел Меси: 937 гола + 428 асистенции = 1.365 придонеси

• Кристијано Роналдо: 985 гола + 261 асистенција = 1.246 придонеси

Меси така има предност од дури 119 директни придонеси за голови.

Особено импресивна е неговата форма во последниот период.

На последните 27 натпревари за Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, сметано од дуелот со Австрија на Светското првенство во 2026 година, учествуваше во дури 36 погодоци.

Роналдо и натаму ја брка границата од 1.000 гола, но Меси има своја историска мисија – да достигне збир од 1.400 голови и асистенции.

Едно е сигурно: ривалството меѓу двајцата најголеми фудбалери на својата генерација сè уште не е завршено!