Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната трансформација и технолошки развој се стратешки приоритети на Владата

Макфакс

02/11/2026

15:40

330

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари работна средба со раководството на Дојче Телеком за дискутирање на стратешките приоритети во дигиталната трансформација и технолошкиот развој во Македонија.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари работна средба со раководството на Дојче Телеком

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Разгледување на можности за продлабочување на соработката

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднина на Македонија, преку инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на вештачката интелигенција, современата кибернетска безбедноста, како и плановите и амбициите за развој во делот на паметен град, безбеден град и безбедна држава.

Размена на мислења за европската конкурентност и дигиталниот суверенитет

Во рамки на разговорите беа разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа, како и капацитетите во областа на cloud технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста, основа за дигиталната отпорност и конкурентност.

Понатамошно унапредување на соработката

Средбата претставува можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании, со цел искористување на современите технолошки решенија и отворање на нови перспективи за дигиталната иднина на државата.