Насилството на улиците е сигнал дека интеграцијата на мигрантите во Германија треба да се подобри

Макфакс

02/11/2026

13:20

300

Големина на фонт

а а а

Германската министерка за образование Карин Прин предупреди дека насилството којшто избувна по протестите е знак дека интеграцијата на мигрантите во Германија треба значително да се унапреди, при што посочи на вмешаност на радикални левичари и претставници од мигрантските заедници.

Германската министерка за образование Карин Прин денес изјави дека насилството што се случи по протестот на младите во саботата навечер е индикација дека интеграцијата на луѓето од мигрантско потекло во германското општество треба да се подобри.

Таа изјави дека инцидентите на демонстрациите биле предизвикани од левичарски радикали и поединци кои доаѓаат од „мигрантското милје“, објави Дојче Веле.

„Признавањето на овој факт не значи поттикнување омраза, туку соочување со реалноста и разгледување на причините зошто луѓето посегнуваат по такви средства“, рече министерката.