Приведен 39-годишен скопјанец, ја тепал сопругата и ја избркал од семејниот дом

Макфакс

01/11/2026

13:10

233

Големина на фонт

а а а

Триесет и деветгодишен маж од Скопје бил приведен откако физички ја нападнал сопругата, ѝ се заканувал и ја избркал од семејниот дом во скопската општина Гази Баба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 октомври, околу 17:30 часот, во семејниот дом, по што случајот бил пријавен во полиција.

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М. (39) во 21:55 часот, во Полициската станица Кисела Вода.

Според пријавеното, неговата 39-годишна сопруга и во изминатите години била изложена на психичко и физичко малтретирање од негова страна.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.