Каде да патувате оваа зима? „Трипадвајзор“ ги откри најпопуларните европски дестинации

Точка

31/10/2026

20:19

839

Големина на фонт

а а а

Од снежни авантури до празнични патувања, ова се европските дестинации и искуства што ќе бидат во тренд оваа зима.

Ново истражување откри кои европски дестинации и активности ќе бидат најпопуларни во текот на претстојната зимска сезона.


Најновото истражување на „Трипадвајзор“ ги анализирало пребарувањата на патниците од Обединетото Кралство во периодот од 1 август до 31 октомври 2026 година, за патувања планирани меѓу 1 ноември 2026 и 28 февруари 2027 година, пренесе „Јуроњуз“.


Наместо топли дестинации за бегство од зимата, истражувањето покажало дека оваа сезона во центарот на вниманието се токму постудените дестинации. На врвот на листата се најдоа градови познати по божиќните базари и алпски дестинации низ Европа.


„Интересно е да се види толку силен тренд на патувања во постудени краеви меѓу Британците оваа зима, при што патниците ги заменуваат лежалките на сонце со чизми за снег“, изјавила Аруши Кумар, заменик-директорка за истражување и аналитика во „Трипадвајзор Груп“.


„Арктичките одморалишта, алпските гратчиња и шармантните градови со божиќни базари на врвот на листата покажуваат дека патниците сакаат да уживаат во постудениот дел од годината, наместо да бегаат од него“, додала таа.


Десет европски дестинации кои се во тренд оваа зима

Според индексот на патувања на „Трипадвајзор“, ова се десетте европски дестинации за кои се бележи најголем интерес за зимски патувања:

✈️Стразбур, Франција

✈️Тромсе, Норвешка

✈️Гент, Белгија

✈️Саариселка, Финска

✈️Шамони, Франција

✈️Закопане, Полска

✈️Бриж, Белгија

✈️Нирнберг, Германија

✈️Салцбург, Австрија

✈️Рига, Латвија.