Астон Вила го тужи Џејми Карагер поради - навредлива изјава

Точка

31/10/2026

11:21

561

Големина на фонт

а а а

Астон Вила порача дека поведува тужба против Џејми Карагер поради изјава во една од емисиите.

Нови потреси во Премиер лигата. Овој пат на релација меѓу коментаторот и поранешен англиски фудбалер Џејми Карагер и Астон Вила. Изгледа дека ќе мора на суд да ги решат несогласувањата по една негова изјава.

„Астон Вила ќе започне правна постапка против Џејми Карагер поради неприфатливите навреди на сметка на клубот и навивачите. Нема да дозволиме никому да го запре нашиот подем во англискиот и европскиот фудбал. Претседател Насеф Савирис“, се наведува во соопштението на клубот од Бирмингем.


Соопштението на клубот предизвика реакции кај многумина на социјалните мрежи, а повеќето се на страната на поранешниот играч на Ливерпул. Сметаат дека клубот претерал, но последниот збор ќе го има судот.


Што точно кажа Карагер?

Џејми Карагер во емисијата во која учествуваат и Гери Невил, Рој Кин и Ијан Рајт зборуваше за состојбата во европскиот фудбал и за потенцијалните трансфери и заминувања од клубовите. Ја искористи Вила како еден од примерите.


„Не сакам да ги изнервирам навивачите на Вила. Само сакам да кажам дека постои хиерархија во фудбалот. Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Јунајтед, така го доведоа Кристијано Роналдо. Истото важи и за Ливерпул, ќе земат играч од Ливерпул. Истото важи и за тимовите под Астон Вила, таа ќе им ги земе играчите и менаџерите. Затоа и велам – навивачи на Вила, еб**о замолчете. Вила никогаш нема да биде Манчестер јунајтед“, изјави Карагер.