Маж од Франција починал на Клиниката за кардиохирургија: Бил донесен во тешка здравствена состојба

Макфакс

30/10/2026

13:10

342

Големина на фонт

а а а

Маж од Франција починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје откако бил донесен во тешка здравствена состојба. Телото е предадено на обдукција согласно насоките на јавниот обвинител.

Вчера во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија починал Б.Х.Г.В.П.(72) од Франција.

Според полицијата тој бил со престој во хостел на подрачјето на Бутел а претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба.

По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција.