Се обиделе да се пресметаат со остри предмети: Се степале во заедничкиот двор во Гостиварско

Макфакс

30/10/2026

13:10

258

Големина на фонт

а а а

Во гостиварско беше поднесена кривична пријава поради тепачка во заеднички двор, при што учесниците користеле остри предмети поради нерасчистени имотно-правни спорови.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(51) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено на 13.08.2026 во заедничкиот двор на пријавениот и В.А., по претходно нерасчистени имотно-правни односи, се обиделе да се пресметаат со остри предмети.