Пет години шопинг, дружење, забава и незаборавни спомени се повод за голема прослава! На 7 и 8 ноември 2026 година, East Gate Mall го слави својот петти роденден со „Роденденска џунгломанија“ – тематски викенд што ќе го претвори трговскиот центар во разигран свет на џунглата, исполнет со музика, наградна игра и многу изненадувања за посетителите од сите генерации.
Во изминатите пет години, East Gate Mall прерасна во многу повеќе од најголемиот шопинг-центар во земјата. Денес, тој е урбана дестинација што ги обединува светските брендови, современите искуства и секојдневниот живот на илјадници посетители. Пет години шопинг, дружење и заеднички спомени се одличен повод за прослава што ќе го претвори роденденскиот викенд во вистинска авантура.
Овој роденден носи поинакво доживување, East Gate Mall ги повикува посетителите да се впуштат во светот на животните и да уживаат во два дена исполнети со насмевки, забава и незаборавни моменти. Со тематски декорации и програма за сите генерации, роденденската „Џунгломанија“ ветува доживување за паметење. Роденденскиот викенд ќе започне со утринска програма за најмладите и нивните семејства. Децата ќе имаат можност да се дружат со Војо и животните, да уживаат во едночасовниот концерт на Дарко Биберко и да го надополнат својот џунгла-изглед со face painting. Попладневната забава продолжува со DJ Bono, кој ќе се погрижи за музиката и одличната роденденска атмосфера.

А бидејќи роденденот е уште поубав кога носи и подароци, посетителите ќе можат да се вклучат и во специјалната роденденска наградна игра. Со сметка во вредност над 1.000 денари, направена на 7 или 8 ноември, купувачите ќе добијат можност да учествуваат во извлекувањето за семејно патување во Берлин и посета на една од најголемите зоолошки градини во Европа.

Петтиот роденден е потсетник на сите моменти што East Gate Mall ги споделува со своите посетители уште од отворањето, но и повод за создавање нови заеднички спомени. На 7 и 8 ноември, посетителите ќе бидат дел од роденденска авантура поинаква од сите досега – „Роденденска џунгломанија“, со два дена исполнети со музика, забава и изненадувања за сите генерации. Затоа што пет години заедно заслужуваат прослава што ќе се памети!












