Маѓар: Обединетите нации не треба да бидат предводени од шеф на мафијата

Макфакс

29/10/2026

17:10

75

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Обединетите нации не треба да бидат предводени од лице споредувано со шеф на мафијата, реагирајќи на можната номинација на Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Обединетите нации не се криминална организација и не треба да бидат предводени од „шеф на мафијата“, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, во врска со наводите дека Соединетите Американски Држави би можеле да го номинираат поранешниот премиер Виктор Орбан за нов генерален секретар на ОН.

Зборувајќи на прес-конференција по заедничката седница на владите на Чешка и Унгарија во Прага, Маѓар рече дека никој нема намера да ги укине Обединетите нации, но дека ако некој сака да ги уништи, добар почеток би бил да „назначи еден Орбан“.

Тој изјави дека, и покрај сите недостатоци, не мисли дека Обединетите нации се криминална организација, ниту дека треба да бидат предводени од лице кое го споредува со шеф на мафијата.

Во исто време, тој посочи дека тројца поранешни високи функционери на владата на Орбан веќе се во притвор.