Фотографот на агенцијата ЕПА, Михаел Бухолцер, со дрон снимил станбена населба во Фаланден, Швајцарија, чии куќи се наредени така што ја формираат буквата „S“.
Во внатрешноста на кругот се наоѓаат патеки, зелени површини, дрвја и грмушки, додека од надворешната страна секоја куќа има сопствена градина.
Есента ѝ дала дополнителна живописност на населбата, па покрај зелените дрвја, се истакнуваат и крошните во жолти, портокалови и впечатливи црвени нијанси. На неколку покриви се поставени и соларни панели.

*Станбениот комплекс во Фаланден
Фаланден е општина во кантонот Цирих, во округот Устер, сместена на брегот на езерото Грајфензе. Според Историскиот лексикон на Швајцарија, некогашната рурална општина во периодот меѓу 1950 и 1980 година се трансформирала во населба во која претежно живеат луѓе што работат во други места.
Општината денес има околу 9.600 жители, распоредени во три населени места. На крајот на 2024 година, во Фаланден живееле 5.260 жители, во Пфафхаузен 2.261, а во Бенглен 2.087 жители.

*Цирих
Бројот на жители брзо расте. На крајот на 2003 година, општината имала 6.707 жители, што значи дека за две децении населението се зголемило за повеќе од 40 отсто. Според податоците на Федералниот завод за статистика за 2023 година, 18,5 отсто од жителите се на возраст од 65 години и повеќе.





