Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се обидува да ги попречи дипломатските напори на Русија и САД за решавање на конфликтот во Украина и дека поддржува терористички напади на цивилното население.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска го обвини украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дека се обидува да ги попречи дипломатските напори на Русија и САД за решавање на конфликтот во Украина.
„Во момент кога руската и американската страна вложуваат дипломатски напори за обновување на консултациите за решавање на украинскиот конфликт, Зеленски не само што продолжува да се обидува да го попречи тој процес, туку јавно поставува однапред неприфатливи услови, а истовремено одобрува нови терористички напади и напади врз цивилното население во нашата земја“, изјави Захарова на прес-конференција.
Таа тврди дека украинските вооружени сили во изминатите пет дена напаѓале станбени објекти, установи за социјална заштита, комунална инфраструктура, како и објекти од петрохемиската, нафтената и гасната индустрија.
Захарова го обвини Зеленски и дека сака продолжување на конфликтот за да остане на власт.








