Стојна од Кратово повторно приведена: Скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала

Макфакс

28/10/2026

17:00

339

Големина на фонт

а а а

Стојна Димитровска од Кратово повторно е приведена по пријава од посетители дека се обидела да им наплати влезници на „Камени кукли“ и им се заканувала, случај за кој полицијата веќе има претходни информации.

Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“, а потоа им се заканувала.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа била приведена вчера (27 октомври), во 11:30 часот, по претходна пријава од двајца скопјани.

„На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на локалитетот ‘Камени кукли’ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје“, соопшти МВР.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Димитровска и претходно била приведувана поради обиди за наплата на влезници од посетители на туристичкиот локалитет, а против неа имало и пријави за напад врз посетители.