Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

Макфакс

28/10/2026

11:29

272

Големина на фонт

а а а

Сашо Поп-Илиоски критички ја коментира политиката за безбедност и уредување на Дебар Маало, подвлекувајќи ги проблемите со паркирањето и зелените површини кои дополнително ги отежнуваат условите за живеење во населбата.

„Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните“, вели Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот во објектот, додава тој, е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што, како што вели, се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата.

„Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот.

Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото?

Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму“.

Дебар Маало, додава Поп-Илиоски не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните. Бара Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. „Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување“.