Хакерски напад врз италијанскиот парламент, меѓу целите и електронската пошта на премиерката Мелони

Макфакс

27/10/2026

15:50

280

Големина на фонт

а а а

Долниот дом на италијанскиот парламент беше жртва на кибернетички напад, при што меѓу метите беше и електронската адреса на премиерката Мелони. Безбедносните мерки биле активирани и безбедноста не била загрозена. Нападот бил насочен и против други институции и пратеници, додека ваквите инциденти се сè почести во Италија и Европа.

Информатичките системи на Долниот дом на италијанскиот парламент во изминатите денови биле цел на кибернетички напад, а меѓу целите била и парламентарната електронска адреса на премиерката Џорџа Мелони. Информацијата ја потврдил извор од парламентот, пренесува.

Истиот извор не можел да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до електронската пошта на премиерката, но нагласил дека безбедноста не е загрозена бидејќи биле активирани сите потребни заштитни мерки.

Од кабинетот на премиерката Мелони дополнително појасниле дека не станува збор за електронска адреса што таа ја користи за официјална комуникација на Владата.

Според истите информации, нападот бил насочен и кон други пратеници во Долниот дом на парламентот, како и кон други институции.

Кибернетичките напади во последните години стануваат сè почести низ Италија и Европа. Нивни цели често се влади, инфраструктурни објекти и компании, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и отвораат прашања за заштитата на податоците.