[ФОТО] Најдобрата фудбалерка е и најубавата добитничка на Златната топка: Многумина ги маѓепса со изгледот

Точка

27/10/2026

17:15

670

Големина на фонт

а а а

Фудбалерката Алексија Путељас воодушеви со својот изглед, но и со модниот избор. Добитничката на Златната топка никого не остави рамнодушен.

Вчеравечер се одржа доделувањето на Златната топка, а шпанската фудбалерка Алексија Путељас беше прогласена за најдобра фудбалерка во 2026 година. На прекрасната церемонија во Лондон, најдобрата играчка на Барселона победи пред Ева Пајор, Кадија Шо и Мелши Диморне.


За оваа свечена пригода избра креација во бела боја, која на единствен начин ја истакнува нејзината природна убавина. Станува збор за софистицирана тоалета што ја нагласува фигурата, а ја красат асиметричен горен дел и интересни детали од пердуви по рабовите на фустанот.

Тој романтичен детаљ со пердувите се забележува и во горниот дел, односно на спуштените ракави, кои му дадоа нежност на нејзиниот стајлинг.


Изгледот го заокружи со мала плик-чанта и бели салонки, а од модните додатоци носеше дискретни обетки.

Што се однесува до шминката, избра нијанси во боја на кожа, со кои постигна нежен гламурозен изглед, додека косата ја остави слободно да паѓа.