ВМРО-ДПМНЕ реагира на поведението на СДС, обвинувајќи ги за навреди, закани и криминални активности поврзани со раководството на СДС и нивните близки. Партијата ја критикува СДС за лицемерие и манипулации во кривичниот законик и ги повикува на одговорност за нелегални активности.
СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ, на прес – конференцијата на Богданка Кузеска.
Реакција на изјавите
„Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет“, велат од партијата.
Критика на СДС
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се лицемерни и дека менувале кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеле.
„Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел?“, се наведува во реакцијата.












