Возила на српската Жандармерија за разбивање демонстрации распоредени пред Претседателството во Белград

Макфакс

25/10/2026

17:38

552

Големина на фонт

а а а

Возила на српската Жандармерија наменети за разбивање демонстрации се распоредени пред зградата на Претседателството во Белград, додека во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори со пријавени инциденти на избирачките места.

Возила на српската Жандармерија наменети за разбивање демонстрации и потиснување демонстранти се забележани пред главниот влез на зградата на Претседателството во Белград, во близина на Пионирскиот парк, објави порталот „Нова.рс“.

Повеќе вакви возила денеска биле забележани и во центарот на Белград. На раскрсницата на улиците „Кнез Милош“ и „Краља Милана“, кај Лондон, биле снимени возила што се движеле кон Теразије, откако биле пропуштени низ полициската блокада на улицата „Кнез Милош“.

Според информации што читатели ги испратиле до „Нова.рс“, претходно во текот на денот на автопатот Белград – Ниш била забележана колона од околу 20 возила на Жандармеријата, кои се движеле кон Белград.

Истите вакви возила беа забележани и за време на летните протести во 2025 година во Нови Сад, кога, според медиумските извештаи, биле користени за потиснување на демонстрантите од булеварите и пошироките улици.

Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, а изборниот ден го одбележаа висока излезност и повеќе пријавени инциденти и неправилности на избирачките места.