Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја сподели есенската атмосфера во Скопје преку фотографии од централното градско подрачје, нагласувајќи ја убавината на боите кои градот ги добива во есен.
Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град.
„Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски.
Есенските пејзажи му даваат поинаков изглед на градот, а парковите и отворените јавни простори се претвораат во сцени исполнети со топли бои и сезонски шарм.








