Започнати се подготовки за можна трилатерална средба меѓу Путин, Трамп и Си Ѓинпинг, што би ги обединила лидерите на трите големи светски сили за да дискутираат за важни прашања поврзани со безбедноста, војните и глобалната економија.
Започнати се подготовките за можна трилатерална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Ѓинпинг, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Ушаков соопшти дека се работи на подготовките за евентуална средба на тројцата лидери, но нагласи дека сè уште не е донесена конечна одлука за учеството на Путин на самитот на Групата 20, кој во декември треба да се одржи во Мајами.

Според Ушаков, на одлуката дали рускиот претседател ќе отпатува во САД ќе влијае и претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), закажан за ноември во кинескиот град Шенжен. По средбата на АПЕК би требало да има појасна слика за можноста Путин да учествува на самитот на Г20.

Евентуалната трилатерална средба би ги обединила лидерите на трите големи сили во период на сложени меѓународни односи и отворени прашања поврзани со безбедноста, војните и глобалната економија. Засега не се објавени конечни детали за датумот, форматот и темите на можниот состанок.








