[ВИДЕО] Невиден потег на режисерот: Му испратил 200 никотински кесички на актерот Роберт Патинсон за да ја прифати улогата во неговиот филм

Точка

23/10/2026

16:24

174

Големина на фонт

а а а

Режисерот Ленс Опенхајм го убедил Роберт Патинсон да глуми во филмот „Primetime“ така што му испратил 200 пакувања кесички со никотин „Zyn“.

Филмот, чие дејство е сместено во 2006 година, го истражува раѓањето и експлозивниот подем на ТВ форматот што ја шокираше Америка.

Водителот на емисијата „To Catch a Predator“, Крис Хансен, заедно со својот тим користел скриени камери и соработка со полицијата за да ги фати потенцијалните предатори кои доаѓаат на договорени локации верувајќи дека се среќаваат со малолетници.

Се борел со зависност

Во ново интервју за списанието „Vulture,“ Опенхајм рекол дека Роберт Патинсон првично требало да биде само продуцент на филмот, но тој сакал Роберт да ја игра улогата на Хансен.

Сценаристот Ајан Синг поминал една недела преработувајќи го сценариото во обид да го убеди да се предомисли, додека Опенхајм одлучил да преземе подиректен пристап.

„Роб во тоа време се борел со зависност од Zyn“, објаснил режисерот.


Сепак, наводно имало недостиг од овие никотински кесички во Америка во тоа време, па затоа побарал од пријател да му испрати 200 пакувања од Канада, заедно со најновата верзија на сценариото. 

„Кога Патинсон се јави да каже дека ја прифаќа улогата, беше како кога Леброн Џејмс објави дека оди во Мајами Хит“, изјавил Опенхајм.