Александар Николоски сподели видео од успешното сервисирање на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт, истакнувајќи ги напорите на вработените за подобрување на железничките капацитети во земјата.
„Денот го завршуваме со една убава вест“ – напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт.
„Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.
Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.
Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,“ - објави Николоски.








