Во Пехчево 66-годишен маж загина во трагијдина со трактор кој излета од патот. Несреќата се случила на местото „Мушкови чешми“, а на лице место констатирана е смртта од Итната медицинска помош. Се извршува обдукција по наредба на јавен обвинител.
Шеесет и шестгодишен маж од пехчевското село Црник загинал откако со трактор со приколка излетал од патот во атарот на Пехчево.
Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена вчера (21 октомври) во 21:30 часот, а се случила на некатегоризиран пат, на местото викано „Мушкови чешми“.
Тракторот со пехчевски регистарски ознаки го управувал М.П. (66), кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид извршиле екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина.
Фото: Depositphotos (илустрација)








