Утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради атлетска трка за одбележување на Денот на Македонската борба, при што ќе се регулира движењето по траса во центарот на градот.
Утре, 23 октомври, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка, информира МВР.
Со почеток во 08:00 часот, во организација на Атлетски клуб ќе се одржи атлетска трка по повод Денот на Македонската борба насловена како „Атлетска трка 23-ти Октомври“, со траса на движење од парк „Жена Борец“ на ул.„11-ти Октомври“, право по плоштад „Македонија“, право преку Камени мост, лево по ул.„Иљо Војвода“, лево по тротоарот на мостот „Гоце Делчев“, лево по кејот на р. Вардар до обележано место и назад по истата патека се до целта пред споменикот на Основачи на ВМРО во парк „Жена Борец“ во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.








