Бруно шокиран од одбраната на Нојер: Јас почнав да го прославувам голот…

Дерби

22/10/2026

13:34

485

Големина на фонт

а а а

Арсенал вчера мораше да се задоволи со бод на дербито со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а Мануел Нојер повторно покажа дел од својот голмански репертоар, вклучувајќи ја ситуацијата во која со неверојатна интервенција спречи реализација на „топчиите“.

Бруно Гимараеш беше фудбалерот кој се уште не може да поверува во реакцијата на Германецот и кој по средбата признал дека веќе почнал да го прославува голот.

Ударот со глава на Бразилецот беше доволно силен и прецизен, но Нојер некако успеа да спречи погодок за гостинската екипа.

– Неверојатна одбрана, јас веќе почнав да го прославувам голот.

– По натпреварот отидов кај него и го прашав како успеал да го одбрани тоа, а тој ми кажа дека и самиот не знае, – рекол Бруно со насмевка на лицето.