Мијатовиќ: Диоманде ќе му ја олесни работата на Винисиус

Дерби

22/10/2026

11:58

810

Големина на фонт

а а а

Вчерашниот настап на Реал Мадрид во Лигата на шампионите донесе сигурна победа за шпанскиот клуб, па фановите и јавноста повеќе се фокусираа на Винисиус и начинот на кој се однесуваше кога беше заменет од Жозе Мурињо.

Бразилецот беше фрустриран и тажен и отвори дебата во која се вклучи и поранешниот играч и клупски директор, Предраг Мијатовиќ.

Во неговото ново гостување во „Ел Ларгуеро“, Црногорецот зборувал за Винисиус и порачал дека фановите треба да бидат трпеливи чекајќи го враќањето на препознатливата форма на Бразилецот, нешто во што ќе помогне и Јан Диоманде.

– Ми недостасува стариот Винисиус и сигурен сум дека ќе се врати. Не треба да му правиме притисок, треба да му се даде простор.

– Реал со Диоманде доби уште еден играч кој може да направи разлика, иако тоа не значи дека е подобар од Вини. Но, со негова помош Винисиус нема да брза во овој процес на рехабилитација, а нам ни преостанува да чекаме и сигурен сум дека неговите најдобри денови доаѓаат допрва, – рекол Мијатовиќ.