урската фудбалска федерација одлучи да му врачи отказ на Винченцо Монтела откако националниот тим ги загуби сите четири натпревари во Лигата на нации.
Поразите од Италија (2), Белгија и Франција ставија крај на приказната на Монтела со турската репрезентација која минатово лето не се прослави и на Светското првенство каде за многумина важеше како тим кој може да биде изненадување на турнирот.
Турците го искористија овој период и сега го пронајдоа наследникот на Винченцо, а тоа е некогашниот ас на Галатасарај и Бешикташ - Серген Јалчин.
Јалчин е поранешен репрезентативец на Турција, човек кој жестоко го критикуваше претходниот селектор и останува да видиме како сега тој ќе се снајде на оваа позиција.
Првите средби се веќе во ноември против Белгија и Франција во ЛН.








