Евролига Топ 10: Нвора тргна моќно да забива, па доби „банана“ која ќе ја памети

Дерби

21/10/2026

10:30

170

Големина на фонт

а а а

Со дуелот меѓу Хапоел Тел Авив-Виртус Болоња ќе биде отворено новото коло во Евролигата кое е распоредено во три дена.

Меѓутоа пред да дојдеме до седмата рунда, ги имаме потезите, мајстории кои беа во фокусот на шестото коло.

Десет моменти се во фокусот, листата ја отвараат играчите на Виртус со одличната акција која беше крунисана од Диара, додека пак ја затвара Докоси со супер „банана“ против Нвора во Белград.

Играчот на Звезда тргна да забива и ја запали публиката, но Алан така добро го сочека и му залепи „рампа“ која ќе се врти.