Ханси Флик објасни зошто почна без Родри на големото дерби против ПСЖ: Покажаа дека се подобри од нас, но….

Дерби

21/10/2026

07:58

1.041

Големина на фонт

а а а

После 11 последователни победи од стартот на сезоната, Барселона го претрпе првиот пораз во изминативе три месеци, а тоа се случи во мега дуелот со европскиот првак во Лигата на шампиони.

Во еден френетичен и спектакуларен натпревар на „Паркот на принцовите“, ПСЖ беше подобар ривал и на крајот заслужено славеше со 4:2, но се доби впечаток дека Ханси Флик со мислите беше и на „Ел Класико“, особено поради тоа што во стартниот тим немаше клучни играчи како Родри и Фермин.

Посебно изненади отсуството на Родри кој е клучен фактор во системот на германскиот стручњак, па по првиот сезонски пораз, Германецот мораше да дава и објаснување за својот потег.

– Ситуацијата со Родри е едноставна. Тој доби одмор пред натпреварот со Реал Мадрид кој следи. Играше многу со нас, играше и за време на репрезентативниот циклус и потоа повторно со нас.

– Одигравме добро и без него во првиот дел, Бернал одговори фантастично и се покажа како добро решение. Најдобрата вест е тоа што Родри ќе биде свеж за дербито со Реал Мадрид во недела, – изјави Германецот.