[ВИДЕО] „Врие“ и во Португалија? Илјадници луѓе на улиците поради криза со домувањето

Макфакс

19/10/2026

11:50

109

Големина на фонт

а а а

Во Португалија, илјадници луѓе протестираат на улиците на Лисабон и Порто поради кризата со домувањето и растечките трошоци за живот, барајќи попристапни станови, пониски кирии и повисоки плати.

Во главниот град на Португалија, Лисабон, како и во Порто, на северозападот од земјата, протестите продолжија утрово на главните градски плоштади поради кризата со домувањето и зголемените трошоци за живот.

Демонстрантите поминаа мирна ноќ, седејќи и спиејќи на плоштадите во Лисабон и Порто, објави агенцијата „Луса“. Учесниците на протестот против кризата со домувањето и зголемените трошоци за живот поставија десетици шатори на централниот плоштад Росио во Лисабон во саботата навечер и објавија дека сакаат да останат таму.

Според синдикатот, десетици илјади луѓе учествуваа во маршот низ центарот на Лисабон во саботата, кој помина мирно, а полицијата не ја објави сопствената проценка за бројот на учесници.

Главните барања на учесниците на протестот во Лисабон се попристапни станови, пониски кирии, повисоки плати и пензии. Слични протести се одржуваат и во други европски градови поради растечките трошоци за живот и сè потешката достапност на станови, но и поради барањата за подобро образование.